Напаѓачот Никлас Бентнер нема да игра на Светското првенство за Данска поради повреда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селекторот на Данска, Оге Хареиде го објави конечниот список на патници на Светското првенство во Русија, а во него го нема искусниот напаѓач.
Бентнер се повреди пред една недела на натпревар за неговиот Розенборг, а бидејќи станува збор за повреда на адукторот, нема да биде спремен да Мундијалот.
„Ние не гаиме надежи дека Бентнер ќе се опорави навреме за Светското првенство, а особено за нашата прва средба со Перу. Овој натпревар е многу тежок и во исто време исклучително важен. Сакаме да влеземе во првенството со 23-ца фудбалери кои се подготвени на 100%“, објави тренерот Хареиде.