Дома Трансфер зона Баерн и Дортмунд во битка за фудбалер на Милан

Баерн и Дортмунд во битка за фудбалер на Милан

Италијанските и германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ова лето ќе водат битка за потпист на фудбалерот на Милан, Рикардо Родригез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швајцарскиот репрезентативец минатото лето пристигна во Милан за 18 милиони евра и одигра солидна прва сезона во Серија А.

Германските клубови одлучно ги познаваат квалитетите на Родригез со оглед на фактот што неколку години го носеше дресот на Волфсбург.

„Скај Италија“ пренесува дека се уште нема никакви преговори за трансфер, но двата клуба веќе се сврзале со агентот на Швајцарецот.

Сепак, тешко е да се поверува дека „росонерите“ ќе го пуштат да замине, бидејќи Родригез ужива голема доверба кај тренерот Џенаро Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…