Рафаел Надал денеска го надигра Рикардо Гаскет во третото коло на Роланд Гарос.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гаскет не знае за победа во дуелите со Рафа, кој денеска лесно стигна до пласманот во осминафиналето, откако славеше со 6:3, 6:2, 6:2.
Шпанецот по натпреварот одлучи да му ја исполни големата желба на едно дете кој беше задолжен за носење на топките. Побара, како голем фан на Рафа, да заиграат заедно, па Шпанецот му ја исполни желбата.
Детето нормално беше пресреќно, а Надал заслужи огромен респект после овој потег.