Дома Трансфер зона Наполи ја купи ѕвездата на Болоња – ќе се „опари“ и Милан

Наполи ја купи ѕвездата на Болоња – ќе се „опари“ и Милан

Наполи ова лето ќе направи големи промени во тимот на чело со новиот кормилар Карло Анчелоти.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи е на чекор од првото засилување откако веќе постигнал договор со Болоња за трансферот на Верди.

Офанзивниот играч за врска моментално е со италијанската репрезентација, а после одличните две сезони го привлече вниманието на Наполи и Интер.

Меѓутоа Наполитанците беа побрзи и денес постигнаа договор со Болоња, а за неговиот потпис ќе платата 25 милиони евра.

Верди е поранешен фудбалер на Милан, потекнува од школата на „росонерите“, па од овој трансфер ќар ќе има и миланскиот клуб.

Имено, 20% од вкупната сума ќе заврши во касата на „росонерите“, а се очекува трансферот да биде комплетиран во следните неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…