Вест која во Европа го вклучи алармот кај неколку европски клубови.
Голманот на Спортинг и репрезентацијата на Португалија одлучи да го раскине договорот со „лавовите“ после 18 години поминати во клубот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Искусниот 30 годишен чувар на мрежата оваа сезона ќе го напушти Спортинг каде што настапува од 2000 година. Се очекуваше претходно да премине во Наполи кој за неговите услуги нудеше 18 милиони евра.
Во целата приказна се вмеша и Вулверхемптон кој ја понуди истата сума, но претседателот на португалскиот клуб ги одби и двете понуди.
Тој тврдеше дека агентот на Патрисио барал дури седум од споменатите 18 милиони евра што е незаконски и поради тоа ги одбивал сите понуди кои пристигнувале.
Наводно, навивачите направиле проблем со влегувањето во тренинг центарот на Спортиг откако овие приказни се појавија во медиумите.
Тоа го натерало Патрисио да го раскине договорот со клубот и сега е слободен играч. Ова значи дека сега може да го доведе било кој клуб, а најголеми шанси му се даваат на Наполи.