Ѕвездата на Монако, Жибрил Сидибе е многу блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, пренесува еминентниот „Екип“.
25-годишниот француски репрезентативец веќе ги договорил личните услови со „јорганџиите“, а Атлетико веќе започна преговори со Монако.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сидибе игра на позицијата десен бек и за него силен интерес покажа и Жозе Мурињо, но Атлетико Мадрид успеа да ја победи конкуренцијата.
Цената на Французинот во овој момент изнесува околу 30 милиони евра, но Монако за неговата слобода бара најмалку 45 милиони евра.
#AtleticoMadrid 'very close' to the signing of #Monaco defender Djibril Sidibe https://t.co/31hdlcSyxu pic.twitter.com/L7MSigyDNC
— footballespana (@footballespana_) June 1, 2018