Старото ривалство ќе биде обновено!
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италијаните денес продолжуваат да „глумат“ спаринг партнер на клубовите кои не се пласираа на Мундијалот, колку и тоа тажно да звучи.
Ривал вечерва на „Алијанц Ривера“ во Ница ќе им биде Франција репрезентација која со Италија секогаш водеше жестока борба.
Јасно, се остана во сенка на берлинското финале, а во оваа деценија репрезентациите не се сретнале на големите натпреварувања.
Како и да е за „Петлите“ ова е ќе биде сериозна проверка. Дешам се очекува да излезе со најсилниот тим со триото Мбапе –Дембеле-Гризман, додека Манчини во однос на средбата против Саудиска Арабија ќе направи пет или шест измени.
Постои можност Бонучи да не го започне натпреварот, а во тој случај Марио Балотели би бил капитен, што би било најдобар одговор на срамниот транспарент од Сент Гален кога еден навивач истакна дека „Капитенот на неговата Италија би требало да има италијанска крв“.
Тоа јасно беше расистичка навреда на сметка на Балотели кој со вечерашниот натпревар би можел да се прости од навивачите во Ница каде што настапуваше две години. Тие бараат да остане, но после две сезони во кои се рехабилитираше Марио најверојатно се враќа во Италија.
Комплетната најава за оваа средба можете да ја прочитате ТУКА.