Дома Фудбал Репрезентации НАЈАВА: Франција – Италија: Дуел кој никогаш не може да биде „пријателски“

НАЈАВА: Франција – Италија: Дуел кој никогаш не може да биде „пријателски“

И Франција и Италија имаа извонредни натпревари овој век на големите турнири. На пример, финалето на Евро 2000 и Светското првенство во 2006, како и во групната фаза на Евро 2008. Но неуспехот на Италија да се квалификува во Русија значи дека ривалството ова лето ќе се префрли на пријателски дуел.

Франција со најсилен состав во последната деценија

Франција е еден од неоспорните фаворити на престојното Светско првенство. Ова е еден од најсилните француски состави, ако не и најсилниот во последната деценија со ѕвезди во секоја линија од тимот како Варан, Погба, Гризман … Француската екипа е спакувана на одличен начин, но тешко е од сега да се тврди дека Дешамп ги намести коцките на вистински начин. Нивниот избор на напаѓачи е неверојатен и полн со таленти Гризман, Оливие Жиру, Оусман Дембеле и Килијан Мбапе. Квалитетот, сепак не застанува таму. Тие имаат среден ред со Пол Погба и Н’Голо Канте, ветувајќи им лесна задача на бранителите како Самуел Умтити, Рафаел Варан, Бенџамин Менди и Пренел Кимпеме и голманот Хуго Лорис.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Франција

Дешамп сака да потврди дека не згреши со изборот на фудбалери

Откако се сопна на последната пречка на Евро 2016, сега ќе има додатна мотивација за да ги исправи грешките на таа ноќ во Париз. Со оглед на калибарот на играчи, оставени надвор од екипата на Дидие Дешамп од 23 лица, очигледно е дека конкуренцијата е неверојатно силна. Дешамп уште на подготвителните дуели сака да покаже дека не згреши што го избра овој состав, а мечот со Италија е добра шанса за такво нешто. Подготовките веќе тргнаа добро, откако Франција славеше над Република Ирска на лесен начин со 2:0 пред неколку дена.

Тешка задача за Манчини

Тешко е да се најдат вистински зборови што би ја анализирале Италија по неуспехот по долги години да не се пласираат на Светско Првенство. Тој неуспех беше дочекан како огромно разучарување во земјата, како катастрофа. Ова е тим кој има потреба од реконструкција, а човекот што е задолжен за тоа е Роберто Манчини. Поранешниот шеф на Лацио, Интер и Манчестер Сити има исклучително тешка задача. Ова за него е прва селекторска функција, откако 36 пати го носеше дресот на Италија но во играчките денови.

Манчини веќе направи големи промени

МанчиниМанчини ќе има задача да го пронајде новиот репрезентативен голман по репрезентативното пензионирање на Буфон. Ако се суди според првите потези, тоа ќе биде Донурама кој беше прв избор пред неколку дена на пријателскиот дуел со Саудиска Арабија. Втор важен потег на Манчини е враќањето на Балотели по неколку години, а овој веднаш му врати со гол. Уште поголеми промени се неповикувањата на Киелини, Дармиан, Маркизио и Имобиле. Од друга страна, на нивно место Манчини во репрезентацијата вклучи некои нови лица. Тука се фудбалерот на Сасуоло, Доменико Берарди кој се надева дека ќе го направи своето деби. Неговиот клупски соиграч Матео Политано го направи токму тоа против Саудиска Арабија. 20-годишниот играч од средниот ред Роландо Мандрагора од Кротоне, исто така според новиот шеф ќе биде иднината на Италија. Промените беа видливи и на тактички план против Саудиска Арабија во победата од 2:1 пред неколку дена. Сепак, тој меч докажа дека италијаните ќе мораат да бидат трпеливи во новите планови на Манчини, бидејќи Итаија победи многу потешко од очекувањата.

Целиот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …