Секако, веднаш по заминувањето на Зидан се поставува следното прашање: Кој ќе го наследи?
Додека фудбалскиот свет се опоравува од шокот и се чекаат причините поради кои Зидан си замина од Реал Мадрид после три освоени титули во Лигата на шампионите, во шпанските медиуми се појави и вест за тоа кој би можел да го наследи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот кандидат наводно е Гути, поранешниот капитен и човек кој има ДНК на Реал Мадрид. Веднаш се споменува и Арсен Венгер кој е без клуб и кој во минатото два пати го одбиваше Реал Мадрид, но Французинот порача дека филозофијата на Реал е спротивна од неговата.
Тука е Маурицио Сари за кого Реал би можел уште денес да ја плати клазулата, секако доколку сака, но сето ова е само во рамките на шпекулациите.
Се споменува и Јоаким Лев кој и претходно на големо се поврузваше со „кралевите“, но на Реал му е потребен тренер што побрзо за да се започне со припремите, додека Лев го очекува Мундијалот со Германија.
И на крајот се појави вест која доколку е точна би можела да има големо влијание.
Каталонски спорт наводно има информација дека Маурисио Покетино во својот договор има клазула која му дозволува да го напушти Тотенхем доколку Реал Мадрид го побара.
BREAKING: Mauricio Pochettino's new contract at Tottenham included a clause that allowed him to leave for either Real Madrid or PSG. (Source: SPORT) pic.twitter.com/KzQ7wR70e2
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 31, 2018
Кој е вашиот фаворит?