Иван Ракитиќ беше изоставен за дуелот со Виљареал и бидејќи не се знаеше вистинската причина се разгореа шпекулациите за негово заминување од „Камп Ноу“.
Утрово се појавија информации дека е многу блиску до трансфер во Манчестер Сити, но Луис Енрике демантира и тврди дека Хрватот ќе остане во Барселона.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Јас одредувам кој ќе игра, тоа ми е работа. Нема никакви шанси за трансфер на Ракитиќ и не ми е гајле што пишуваат медимите во Шпанија, Англија, Хрватска… Не им верувам на медиумите“, истакна Луис Енрике.
Потпретседателот на Барселона, Жорди Местре исто така демантираше заминување на Ракитиќ и откри дека преговараат за нов договор.
„Преговараме околу новиот договор. Ракитиќ многу ни се допаѓа и како играч и како човек. Има договор со нас и сакаме да остане“, изјави потпретседателот на Каталонците.