Дома Фудбал Лига на шампиони Силна порака до Кариус: Падот е дозволен, станувањето е обврска!

Силна порака до Кариус: Падот е дозволен, станувањето е обврска!

Убав гест од младиот играч за врска на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во моментите на големото славје на фудбалерите и навивачите на Реал Мадрид по повод 13-та титула шампион на Европа се издвојува еден убав гест на Дани Себалос, младиот 21 годишен играч за врска на „кралевите“.

Имено, Себалос преку Твитер испрати порака како поддршка до голманот на Ливерпул, Лорис Кариус кој со два кикса му овозможи на Реал да стигне до титулата.

„Падот е дозволен, станувањето е обврска. Само храбро, пријателу. Во фудбалот секогаш имаш втора шанса. Одиме!“, напиша Себалос.

На ова треба да се истакне и дека ако некој знае како е да немаш поддршка тогаш тоа е Себалос кој не се прослави во премиерната сезона во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…