Дома Фудбал Останато Бејл: Зидан не ми честиташе

Бејл: Зидан не ми честиташе

Герет Бејл кој беше херој на Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул откри дека тренерот, Зинедин Зидан не зборувал со него по завршувањето на средбата.

Зидан го изостави Бејл од стартниот тим против Ливерпул, но Бејл во игра влезе во 61 минута и до крајот на натпреварот постигна два погодоци.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Прво постигна гол со спектакуларни ножички, а потоа го совлада Кариус со удар од далечина.

Британскиот „Индепендент“ објави денес дека Бејл имал интересен медиумски пристап во микс-зоната по завршувањето на натпреварот. На прашањето дали до Бејл дали добил честитка од

Зидан, одговорот на Велшанецот бил – „НЕ“.

Ова е можеби само уште еден детал во низата кои не наведуваат да размислуваме дека Бејл ја одигра последната сезона во Мадрид, во таков правец оди и изјавата на Бејл.

„Лично, мислам дека треба да играм стандардно од недела во недела. Но, не играв доволно, не играв колку што сакав и очекував ќе морам да седнам со управата на клубот и ќе разговараме, би можел да размислам за трансфер“, изјави Бејл

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…