Дома Топ вести Нејмар: Реал Мадрид? Луѓето зборуваат глупости!

Нејмар: Реал Мадрид? Луѓето зборуваат глупости!

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар конечно за бразилските медиуми го прокоментира евентуалниот трансфер во Реал Мадрид велејќи дека тоа се само шпекулации.

„Реал Мадрид? Во моментов мислам само за репрезентацијата на Бразил. Понекогаш луѓето измислуваат апсурдни работи на кои дури и не вреди да се обрне внимание“, изјави Нејмар.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Напаѓачот продолжува да се опоравува од повредата поради која го пропушти последниот дел од сезоната. Тој објасни дека се уште не е подготвен за игра, но се надева дека до почетокот на Мундијалот 2018 ќе биде во добра кондиција.

„Се плашам, бидејќи не сум играл три месеци, ми треба малку повеќе време за да го надминам тоа. Нема ништо, што би ме спречило. Физички сум добар, само избегнувам некои дижења“, рече Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…