Килијан Мбапе минатото лето од Монако пристигна во ПСЖ на еднагодишна позајмица со задолжително купување од 180 милиони евра ова лето.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, на крајот многу лесно би можело да се случи Парижаните да останат без 19-годишната ѕвезда и тоа поради кршење на финансискиот фер-плеј. УЕФА многу лесно би можела да го казни ПСЖ поради фактот дека ги кршат условите на финанискиот фер-плеј, а наводно сето тоа многу внимателно го следи Манчестер Сити.
Мбапе е желба на тренерот на Сити, Пеп Гвардиола и сигурно дека во синиот дел на Манчестер ја чекаат евентуалната казна на ПСЖ, за да можат да го доведат одличниот фудбалер, со што би можеле да го искористат тоа и да го убедат играчот да се пресели на „Етихад“.
Последниот збор ќе го има УЕФА. Сепак, тешко е да се очекува дека ќе дојде до казна, бидејќи куќата на европскиот фудбал до сега не се докажа кога стнува збор за казнување на богатите тимови. Реално е дека Мбапе ќе стане официјален член на ПСЖ за кого минатата сезона во 46 натпревари постигна 21 гол со 16 аситенции.