Дома Кошарка Видео: Голден Стејт се избори за мајсторка

Видео: Голден Стејт се избори за мајсторка

Тимот на Голден Стејт се избори за решавачки седми натпревар против Хјустон во финалето на Западната конференција од НБА плејофот.

„Воините“ забележаа убедлива победа од 115-86, иако во еден миг губеа и со 17 поени разлика.

Томпсон уфрли 9 тројки и го заврши мечот со 35 поени, а беше феноменален и на дефанзивната страна со 4 украдени топки. Стеф Кари додаде 29 поени и 6 асистенции.

На спротивната страна Џејмс Харден имаше ефект од 32 поени, 9 асистенции и 7 скока, но отсустото на Крис Пол беше и тоа како забележително.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ не ја доврши својата НБА-петка: Издвои три легенди, па запре

Никола Јокиќ именуваше само тројца во изборот за најдобри странски играчи во историјата на…