Дома Фудбал Лига на шампиони Што тимот кој сака да го освои трофејот НЕ смее да направи?

Што тимот кој сака да го освои трофејот НЕ смее да направи?

Големото финале е се поблиску до почетокот остана нешто помалку од два часа!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид и Ливерпул на стадионот во Киев ќе истрчаат во 20:45 часот, а пред вечерашниот натпревар медиумите се потсетија што не смеат да направат играчите на два клуба за самите себе да не се проколнат.

Имено, постои непишано правило дека доколку еден од фудбалерите кој игра во финалето го допре пехарот – нема да го освои на крајот! Неодамна тоа го направи Димитри Паје и неговиот Марсеј загуби во финалето против Атлетико во Лигата на Европа, а таа фатална „грешка“ во минатото ја преавеа Џенаро Гатузо, Антоли Тимошчук…

Луис Гарсија кој во минатото го носеше дресот на Ливерпул откри дека во истата работа верувал и Фернандо Мориентес во 2005 година.

„Мориентес во соблекувалната ни кажа: Ве молам, не го допирајте пехарот, се уште не е наш“, се потсети Гарсија.

Останува да видиме дали фудбалерите на Реал и Ливерпул вечерва ќе бидат нетрпеливи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФИФА сака 64 земји на Светското првенство во 2030! Постои една причин…

Претстојното Светско првенство брои 48 учесници, но тука не завршуваат проширувањата. Најг…