Неколку часа пред финалето во Лига на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул пет метро станици во Киев беа испразнети поради аларм за бомба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, имало лажен повик за бомба, па пет метро станици веднаш биле испразнети и блокирани поради безбедносни мерки, пренесуваат украинските власти.
Анонимен глас се јавил за да предупреди дета станува збор за станиците „Днипро“, „Хидропарк“, „Ливобережна“, „Арсенална“ и „Хериов Днипра“.
Специјални антитерористичка единица веднаш изврши проверка, но не најде ништо, па беше установено дека станува збор за лажен аларм.
