Челзи ќе се обиде во зимскиот преоден рок да го донесе шпанскиот напаѓач Фернандо Љоренте, пренесуваат англиските медиуми.
Медиумите тврдат дека Конте веќе го контактирал поранешниот играч на Јувентус и го сака во својот тим како „џокер“ до крајот на сезоната.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Конте одлично ги познава квалитетите на Баскиецот бидејќи заедно соработуваа две години во Јувентус и заедно освоија две титули во Серија А.
Љоренте минатото лето пристигна во Свонси и одлично се снајде во Премиер лигата, каде на 17 натпревари постигна 6 гола, а италијанскиот стратег смета дека во тимот му е потребен таков корпулентен напаѓач.