Раководството на Барселона нема ни малку сомнеж дека нивниот најдобар фудбалер, Лео Меси ќе го продолжи договорот и ќе остане на „Камп Ноу“.
Спортскиот директор Роберт Фернандез ги смири фановите и им испрати порака на клубовите кои се нетрпение го чекаат расплетот околу новиот договор.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
„Очигледно, зборуваме за фудбалер кој е многу важен за нас. Сигурен сум дека Меси ќе го продолжи договорот со Барселона. Во клубот се е мирно, бидејќи двете страни сакаат да ја продолжат соработката“, изјави Фернандез.
Договорот на Аргентинецот со Барселона му истекува во јуни 2018 година, а преговорите за продолжување на истиот траат веќе подолго време.