Дома Фудбал Лига на шампиони Салах: Од моментот кога дојдов 100% верував дека можеме да стигнеме далеку

Салах: Од моментот кога дојдов 100% верував дека можеме да стигнеме далеку

Фудбалерите на Ливерпул во сабота играат во големото финале против Реал Мадрид, а секако прва ѕвезда на овој клуб е Мохамед Салах.

Египќанецот на два дена пред почетокот потврди дека отсекогаш верувал дека неговиот тим може да стигне во финалето.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Верував 100%, да бидам искрен. Од првиот ден од кога дојдов верував дека можеме да стигнеме далеку во Лигата на шампионите.“, изјави Салах за медиумите.

„Црвените“ вклучувајќи го и бараж натпреварот со Хофенхајм изгуби само еден натпревар со 46 постигнати погодоци.

Салах во Ливерпул пристигна минатото лето од Рома, тим кој оваа сезона го елиминираше во полуфиналето.

„Ако го погледнете нашиот тим од почетокот можете да забележите дека напредувавме во секој сегмент“, наведе Салах.

Тој имаше одлична сезона. Постигна 44 погодоци, од нив 11 во Лигата на шампионите.

„Секој натпревар за мене е само натпревар. Секогаш сум сконцентиран на победата и не сакам да се ставам под притисок“, изјави египтетскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…