Дома Фудбал Сари нема да „тагува“ долго – веќе е на пат за Лондон

Сари нема да „тагува“ долго – веќе е на пат за Лондон

Наполи вчера официјално го потврди доаѓањето на Карло Анчелоти, иако се уште не го раскинал договорот со Маурицио Сари.

Сари е навреден од таквиот однос и смета дека не заслужил таков третман, а претседателот Де Лаурентис нема проблем да го плаќа и следната сезона, доколку не најде друг ангажман.

Италијанските медиуми тврдат дека Маурицио Сари е прва желба на Челзи и дека веќе започнале преговорите. Проблем е што Наполи бара 8 милиони евра за да го ослободи, но тоа е нереално после промицијата на Анчелоти.

Сари наводно веќе се договорил со „сините“ за двегодишна соработка и нема посебни барања од раководството, освен што ќе се обиде да го донесе Игуаин на местото на Мората.

Покрај Челзи инетерес за Сари покажува и руски Зенит кој на Италијанецот му нудуи побогат договор, но негов приоритет е разбирливо Челзи.

Италијанските медиуми се оптимисти дека во наредните денови Сари и официјално ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мора и Мален ја кренаа Рома: Каљари падна за две минути

Каљари израмни во 81. минута, но Мора и Мален експресно одговорија за победа на Рома од 4:…