Kaсемиро после пет месеци му одговори на Чави за споредбата Серхио Бускетс.
Тешко е да се поверува дека Чави Ернандез имал лоша намера. Но, на реалција Барселона – Мадрид секој збор се толкува на свој начин, па така и оние кои уште во јануари ги изговори легендарниот играч за врска на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Реал напаѓа со седумина играчи, додека Касемиро останува на својата половина и го покрива центарот на игралиштето. Бускетс не може тоа да го напрви, дури и јас сум побрз од него. Касемиро е фантастично брз, меѓутоа има проблем со останатите задачи во играта, на нив помалку работел. Поседува други карактеристики. Тој е дефанзивен тип на играч, често стартува и покрива огромен простор, но не доминира на мал простор. Да започнел тоа да го прави на 12, 13 или 15 години би било поинаку“, изјави во јануари Чави за „Ел Паис“.
За одговор на Касемиро се чекаше прилично долго. Безмалку пет месеци. Можеби поради тоа што Бразилецот сакаше да има аргументи во рацете, а пред финалето во Лигата на шампионите секако располага со нив.
„Може да зборува што сака, меѓутоа за чеитри години во Реал веќе сум во четвртото финале во Лигата на шампионите. Не можев да потпишам за Барса, бидејќи не одговарав на барањата на кои Чави инсистира, ниту пак имам ДНК за какво што зборува тој. Поради тоа ќе бидам мадриста до смрт“, одговори Касемиро.