Синоќа на програмата во НБА лигата беше четвртиот натпревар од финалната серија од Западната конференција, па Хјустон успеа да го врати брејкот и израмни на 2:2.
Хјустон Рокетс стигна до победа против Голден Стејт Вориорс со резултат 95:92 и со тоа ја израмни серијата на 2-2.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Воините“ утрово одлично го започна мечот, стартуваа со серија од 12-0, а по првите 12 минути имаа предност од 28-19. Но потоа следуваше пад во играта на домаќините, а Хјустон знаеше како да го искористи и натпреварот влезе во драматична завршница.
Стеф Кари го имаше последниот шут на мечот но промаши од аголот, па „Ракетите“ сепак се радуваа на победа.
Харден со 30 поени беше прв играч на Хјустон, Пол реализираше 27 поени. Кари пак беше најдобар поединец кај Голден Стејт со 28 поени, Дурант постигна еден помалку.