Дома Македонски спорт Мак фудбал АМС најостро го осудува однесувањето на навивачите на мечот Шкендија – Пелистер

АМС најостро го осудува однесувањето на навивачите на мечот Шкендија – Пелистер

Агенцијата за млади и спорт најостро го осуди однесувањето на навивачките групи и поединци, за време на натпреварот меѓу Шкендија и Пелистер.

„Искажуваме безрезервна поддршка на ФФМ за доследно и целосно почитување и спроведување на актите, пропозициите и меѓународните препораки и конвенции за спречување на насилно и недолично однесување на спортските терени, како услов и гаранција за учество на наши екипи и репрезентации во меѓународниот спортски систем“, се вели во соопштението на АМС.

Агенцијата апелира и до сите надлежни тела да го расветлат овој настан кој ги „подгрева етничките тензии на и вон спортските терени“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Охрид ја брани предноста, Пелистер и Работнички бараат бодови на гости

Седумте средби од 11. коло во Втората лига почнуваат во 13 часот. Водечката тројка влегува…