Дома Трансфер зона Го одби Наполи, сега е пред потпис во Интер

Го одби Наполи, сега е пред потпис во Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е фаворит за потписот на ѕвездата на Болоња, Симоне Верди.

Италијанскиот репрезентативец беше пред потпис со Наполи во јануарскиот преоден рок, договорот беше постигнат, но Верди ги одби „наполитанците“ во последен момент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јасно е дека ова лето Верди ќе ја напушти Болоња, но најверојатно ќе остане во северна Италија, бидејќи е пред потпис со милански Интер.

„Газета дело Спорт“ тврди дека „нероаѕурите“ веќе постигнале договор со агентот на фудбалерот, па останува уште двата клуба да се договорат.

Болоња за неговата слобода бара 25 милиони евра, но најверојатно трансферот ќе биде договорен на 20 милиони евра. 20% од оваа сума ќе заминат во касата на Милан, бидејќи „росонерите“ се уште поседуваат процент од неговите права.

Верди е офанзивен играч за врска кој ќе биде одлична алтернатива како за Кандрева, така за Перишиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…