Дома Трансфер зона Торино донесе големо засилување од Рома!

Торино донесе големо засилување од Рома!

Екипата на Торино го доби првото зимско засилување и потврди дека постигнал договор со Рома за трансфер на Хуан Мануел Итурбе.

Итурбе беше голема инвестиција на Рома, но никогаш не доби вистинска шанса на „Олимпико“, па јасно беше дека ќе ја промени средината.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во јануари минатата година беше позајмен во Борнмаут, а оваа година Рома повторно се ослободи од него и договори 6-месечна позајмица во Торино.

23-годишниот крилен напаѓач ќе има шанса да ја „оживее“ својата кариера во тимот на Михајловиќ, а Торино ќе може да го откупи неговиот договор по завршување на сезоната.

Итурбе сигурно ќе биде големо засилување за „биковите“ и заедно со Љаиќ и Белоти ќе го формира еден од најдобрите напади во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…