Хрватскиот репрезентативец и член на Фиорентина, Милан Бадељ беше голема желба на тренерот на Милан Винченцо Монтела, но најверојатно ќе заврши во Рома.
Бадељ одби да го продолжи договорот со Фиорентина и во неколку наврати неговиот агент истакна дека сака преселба на „Сан Сиро“ и повторно да соработува со Винченцо Монтела.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Сепак, Милан не може да си дозволи да го купи Хрватот во јануарскиот преоден рок бидејќи сеушт не е комплетирана купопродажбата на клубот, а таквата ситуација може да ја искористи Рома.
Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека тренерот на „волчицата“ Лучијано Спалети разговарал со Бадељ и го убедил да се пресели на „Олимпико“, па сега останува да се договорат двата клуба.
Бадељ има договор до 2018 година, а бидејќи не сака да го продолжи Фиорентина за неговата слобода бара 12 милиони евра.