Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп му ја препушти фаворитската улога на Реал Мадрид пред големото финале во Лига на шампиони.
Германецот како главни адути на „кралевите“ ги наведе искуството и Кристиано Роналдо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Да, тие се фаворити. Тие знаат сè, може да напишат свое сценарио, бидејќи освоија четири пати во последните пет години. Немам проблем со оваа ситуација и не се чувствувам како аутсајдер. Реал е тим со огромни квалитети и тргнува за трета последователна титула, но ние ние сме Ливерпул и ова не треба да се заборави“, изјави Клоп.
„Салах имаше фантастичан сезона, но Кристиано има 15 такви сезони. Неговата статистика е неверојатна, тој е на врвот околу 15 години и постигнал 47.000 гола, но не сакам да правам споредби меѓу играчи. Кога Пеле беше на врвот, луѓето не го споредуваа со другите. Тие само мислеа дека тој е најдобар и му се радуваа. Сега ги имаме Меси и Роналдо. Нивните награди се целосно заслужени, и кога ќе престанат да играа, ќе ни недостигаат“, заклучи Германецот.