Дома Фудбал Англија Азар го реши финалето: Челзи нов шампион во ФА Купот! (Видео)

Азар го реши финалето: Челзи нов шампион во ФА Купот! (Видео)

Денес со почеток во 18:15 часот се одигра финалето во ФА Купот помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Челзи е нов освојувач на ФА Купот, избраниците на Антонио Конте славеа против „црвените ѓаволи“ со резултат 1:0.

„Сините“ одлучувакиот гол го постигнаа во 22 минута од натпреварот и тоа преку Еден Азар со удар од белата точка.

Манчестер Јунајтед беше апсолутно подобар противник посебно, после постигнувањето на погодокот кога Челзи се повлече на својата половина. Најголемите шанси за изедначување тимот на Мурињо ги пропушти во вториот дел.

Пол Погба пропушти одлична шанса кога по еден корнер остана заборавен во петерецот, но лошо шутираше со глава.

Треба да се истакне дека за Оливие Жиру ова е втор трофеј во низа во ФА Купот бидејќи минатата година ова натпреварување го освои со тимот на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола ја сака ѕвездата на Барселона, се знае кој играч го понудил во замена и тоа не случајно!

Летниот трансфер период сигурно ќе биде исклучително возбудлив, а веќе започнаа надметувањ…