Се огласи спортскиот директор на Јувентус!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Спортскиот директор на Јувентус го потврди она за што се зборува можеби подолго од една година.
Емре Чан, фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Германија ќе биде ново засилување на Јувентус за наредната сезона бидејќи му истекува договорот со Ливерпул.
Марота потврди дека ќе се обиде работата со Чан да ја заврши пред почетокот на Мундијалот.
„Да, се надевам дека се ќебиде официјализирано пред почетокот на Мундијалот“, изјави Марота.
Значи, нема повеќе никакви дилеми, германскиот фудбалер со потекло од Турција ќе биде ново засилување на Јувентус за наредната сезона.