Дома Фудбал Англија Што ќе се случеше ако секој шут на противникот на „Итихад“ беше гол? – Ништо, Сити повторно би бил шампион!

Што ќе се случеше ако секој шут на противникот на „Итихад“ беше гол? – Ништо, Сити повторно би бил шампион!

„Граѓаните“ во 33 коло од Премиер лигата доминантно ја обебзедија титулата што е рекорд во најсилното англиско првенство, а за нивната сурова доминација пристигнува уште еден неверојатен податок.

Манчестер Сити оваа сезона стигна до титулата со соборување на многу рекорди како што се: Бројот на постигнати погодоци, освоените поени (100), бројот на победите…

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Гвардиола беше оспоруван во првата сезона бидејќи не освои ниту еден трофеј, но очигледно направил темели за суровата доминација која следеше.

Неговиот тим беше незапирлив стигнаа до 18 победи во низа што е исто така рекорд, на домашен терен не победија само три пати, доживеаа еден пораз и два натпревари одиграа нерешено.

Сезоната ја завршија со 19 бодови предност пред градскиот ривал Јунајтед кој беше второпласиран, а колку беа неприкосновени оваа сезона говори и следниот податок.

Верувале или не и доколку секој удар на противниците кон нивниот гол во натпреварите одиграни на „Итихад“ завршел во мрежата – Сити повторно би бил шампион на Англија!

Навистина податок за неверување, а останува да видиме дали некој клуб ќе може да ги запре наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…