Дома Фудбал Останато Зидан: Нејмар? Ќе зборуваме за се што ве интересира, но за 10 дена

Зидан: Нејмар? Ќе зборуваме за се што ве интересира, но за 10 дена

zidane neymar

Oд поодамна се шпекулира дека Нејмар е незадоволен во ПСЖ, а дека Реал Мадрид сака да го искористи неговото незадоволство за да го доведе на „Бернабеу“.

Последните гласини во Шпанија кои ги пренесуваа дури и најголемите шпански медиуми говореа дека Нејмар веќе започнал преговори со „кралевите“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Дека нешто можеби навистина се случува помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ најави и тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан кој пред неколку дена истакна дека според него Нејмар и Роналдо можат да функционираат заедно.

Сега Зидан на прашањето за Нејмар одговори дека за неговиот потенцијален трансфер во Реал ќе зборува кога сезоната ќе биде завршена.

„Нема да зборувам за ниту еден играч кој не го тренирам. Ни остануваат уште 10 дена до завршување на сезоната и уште два натпревари. Потоа ќе разговараме за се што ве интересира“, порача Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Екс-фудбалерот на Интер пијан се заканувал на полицајци: Сите ќе ве убијам како овци!

Aктуелниот фудбалер на Нови Пазар, Адем Љајиќ, во алкохолизирана состојба го нападнал реце…