Дома Фудбал Англија Мурињо: Марсијал е спремен, за Лукаку не знам!

Мурињо: Марсијал е спремен, за Лукаку не знам!

Менаџерот на Манчестер Јунатед, Жозе Мурињо откри дека дури во последниот момент ќе одлучи дали голгетерот Ромелу Лукаку ќе игра на утрешното финале против Челзи.

Белгиецот е надвор од терените во последните три недели поради повреда на коленото, а добрата вест е што Марсијал ќе биде спремен за игра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Марсијал е спремен. За Лукаку треба да почекаме до послдниот момент. Не сакам да ве лажам, да речам дека нема да игра, а потоа да истрча на терен. Затоа треба да почекаме“, изјави Мурињо.

„Нема да ја анализирам сезоната врз основа на еден натпревар, дури и ако тој е толку важен. Знам што направија играчите, знам колку труд потрошија. Јасни ми се сите позитивни и негативни нешта од оваа сезона. Мојата анализа нема да се смени само врз основа на финалето“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалот е повеќе од игра во оваа земја: Двете легенди добиваат голема чест

Понекогаш, фудбалерите стануваат симболи и легенди на своите држави, особено во Јужна Амер…