Реал Мадрид веќе долги години е на самиот врв на светската фудбалска сцена, а за неколку дена ќе се обиде по втор пат во последните три години да ја одбрани титулата шампион на Европа.
Големата желба на управата на Мадриѓаните се двете главни ѕвезди на ПСЖ, Нејмар и Мбапе. Имено, Реал Мадрид и Нејмар направија голем чекор за спектакуларен трансфер. Наводно со меѓусебни разговори ги договориле деталите. Бразилецот наводно ја прифатил понудата на Флорентино Перез и помеѓу нив нема непознати.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Она што за Перез претставува проблем е како да ја убеди управаа на ПСЖ да се одлучи на овој чекор, но ако го имаме во предвид незадоволството на Нејмар во клубот, тогаш ниту овој чекор не изгледа како тежок. Нејмар не се чувствува добро во соблекувалната на парискиот клуб, француските медиуми шпекулираат дека е во лоши односи пред се поради кланот на домашните играчи кои се наоѓаат во клубот.
Некои шпански медиуми во исто време шпекулираат како Перез преку Нејмар се обидува да дојде и до Килијан Мбапе, младата ѕвезда на францускиот и светскиот фудбал. Сумата која Реал ја нуди е астрономска, а станува збор за 180 милиони евра, а стратегијата на Реал е да понуди 222 милиони евра за Нејмар, со што ќе се затвори случајот на ФИФА за финанискиот фер-плеј со ПСЖ.
Каталонскиот Спорт тврди дека постои реална можност ПСЖ да биде казнет ако не ги продаде Нејмар или Мбапе. Што ќе се случи и дали оваа тактика на „Кралскиот“ клуб ќе донесе плод, останува да видиме.