Се поголем е бројот на фудбалски ѕвезди кои се одлучуваат кариерата да ја продолжат во Кина, каде заработуваат „луди“ суми, иако и во Европа се одлично платени.
Последни во низата фудбалери кои заминаа во Кина се Оскар и Витсел, но Кинезите не планираат да запрат и сакаат да купат нови фудбалски ѕвезди.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Следната мета на богатите Кинези е ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг. Наводно Шангај СИПГ понудил неверојатни 150 милиони евра за неговиот потпис, а на самиот фудбалер му нуди плата од 41 милион евра годишно.
Доколку се реализира овој трансфер тоа ќе биде апсолутен рекорд, а Обамејанг би станал најплатен фудбалер во историјата на фудбалот.