Напаѓачот на Кристал Палас и белгиски репрезентативец, Кристиан Бентеке одбил богата понуда од кинескиот клуб Пекинг Гоан, пренесуваат англиските медиуми.
Бентеке на маса имал ботата понуда вредна 52 милиони евра, меѓутоа 26-годишниот напаѓач нема намера да ја напушти Премиер лигата во зимскиот преоден рок.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Покрај Пекинг Гоан интерес за Бентека покажаа уште неколку кинески клубови, кои не жалат пари за да донесат во своите редови врвни фудбалери од Европа.
Бентеке минатото лето од Ливерпул се пресели во Кристал Палас за 20 милиони евра и оваа сезона на 17 натпревари постигна 8 гола.