Поранешниот менаџер на Манчестер Сити наскоро би можел да се врати во Премиер лигата.
Човекот кој со Манчестер Сити во сезоната 2013/2014 ја освои Прeмиер лигата би можел повторно да седна на клупата на еден клуб од Англија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за Вест Хем со кој Пелегрини наводно веќе имал преговори.
Како што пренесуваат медиумите на Островот преговорите се во тек, а единствен проблем настанал околу патата. Пелегрини не сака да прифати сума за која смета дека е под неговото реноме.
Чилеанецот во овој момент е тренер на екипата Хебеи во Кина каде што добива огромна плата и сигурно нема да им биде лесно на „чеканите“ да го убедат.
Денес Вест Хем и официјално го напушти Дејвид Мојс.