Дома Трансфер зона Валенсија носи големо засилување од Челзи

Валенсија носи големо засилување од Челзи

Играчот за врска на Челзи, Џон Оби Микел кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Примера во дресот на Валенсија.

Договорот на Нигериецот истекува на крајот на сезоната, а со оглед на фактот дека не е во плановите на Конте, Челзи му дозволи да си најде нов клуб.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Како што пренесуваат шпанските медиуми, Оби Микел веќе започнал преговори со Валенија и набрзо би можел да се пресели во Шпанија.

„Се сретнав со Микел во Лондон пред Божиќ. Побарав дозвола од Челзи да разговарам со него и ја разгледувавме можноста да дојде во Валенсија. Преговорите сеуште траат“, потврди директорот на Валенсија, Хесус Гарсија.

Покрај Валенсија силен интерес за Микел покажува и Олимпик Марсеј како и некои кинески клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус сака уште еден дефанзивец од Милан

Јувентус би можел да ангажира уште еден дефанзивец од Милан. Откако летото „бјанконерите“ …