Дома Актуелно 17 години му е помошник на Мурињо, а сега доби понуда за самостојна тренерска кариера

17 години му е помошник на Мурињо, а сега доби понуда за самостојна тренерска кариера

Руи Фарија го напушта Манчестер Јунајтед и стручниот штаб на Жозе Мурињо, а на масата има понуда од португалска Бенфика.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фарија како помошник на Мурињо работи веќе 17 години, заедно освоија 26 трофеи со Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Британски „Телеграф“ вечерва пишува дека Фарија сега ќе се обиде да направи самостојна тренерска кариера.

Бенфика разочара оваа година, ја освои втората позиција зад Порто во португалското првенство, а во Лигата на шампионите освоија само еден бод.

Доколку Фарија ја прифати понудата од Бенфика, што според „Телеграф“ е многу веројатно би било интересно доколку наредната година во Лигата на шампионите се сретнат Манчестер Јунајтед и Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Тикет на денот (петок, 17.07.2026)

И денешниот ден е пауза за Мундијалот, а до крајот имаме уште два натпревари кои ќе се изи…