Легендарниот напаѓач одлучи кога ќе стави крај на својата богата кариера.
Карлос Тевез одлучи да оди во пензија! Сепак на љубителите на најважната споредна работа во светот, а пред се на навивачите на Бока ќе им пружи уште една година задоволство да го гледаат на зелениот тепих.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тевез крај на својата кариера ќе стави по истекот на неговиот договор со аргентинскиот гигант во декември 2019 година.
Сонот на темпераментниот „Апаче“ беше да ја заврши кариерата на својата „Бомбоњера“.
„Ќе го напуштам фудбалот кога ќе заврши договорот со Бока на крајот на следната година. Не сакам да одам во друг клуб и да се простам во некој друг дрес. Сигурно нема веднаш да станам тренер или директор, прво морам добро да се припремам за таквата улога“, изјави Тевез.
Тевез прв пат во Бока стигна на 13 години во 2001, дебитираше како еден од најголемите таленти на аргентинскиот фудбал. Подоцна настапуваше за Коринтијас, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус, повоторно Бока, Шанјгај Шенуоха и потоа и по трет пат потпиша за Бока.
Шампионски титули освојуваше во Бока, Коринтијас, Сити, Јунајтед и Јувентус. За репрезентацијата на Аргентина забележа 76 настапи и постигн 13 погодоци.