Бразилскиот голман на Манчестер Сити, Едерсон Мораеш потпиша нов договор и се обврза на верност кон „граѓаните“ до 2025 година.
24-годишниот Едерсон минатото лето пристигна од Бенфика во трансфер вреден 50 милиони евра и веднаш се наметна како клучен дел од тимот на Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа „граѓаните“ веднаш го наградија со нов, побогат договор, па Бразилецот ќе остане на „Етихад“ најмалку до 2025 година.
„Воодушевен сум од првата сезона во Манчестер сити. Клубот функционира беспрекорно, тимот бележи одлични резултати и среќен сум што добив понуда да останам тука уште долги години. Се надевам дека заедно ќе ја освоиме и Лигата на шампионите“, изјави Едерсон.