Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека неговиот тим може да биде во предност во финалето на ЛШ.
Клоп е свесен дека во финалето е се возможно и дека неговиот тим игра против најтрофејниот клуб на светот, но се надева на една предност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе бидеме свежи. Имаме прилика добро да ги наполниме батериите. На нас ни остануваат 13 денови за одмор од последниот натпревар, додека Реал Мадрид ќе има само 7. Тоа е голема разлика и сигурно дека може да биде важно за финалето.“ – изјави Клоп.
Финалето во Киев се игра на 26. мај, а Црвените вчера лесно го победија Брајтон и на тој начин го осигураа пласманот во ЛШ за следната сезона.
„Сега имаме доволно време да се одмориме и да се спремаме за Реал. Играчите ќе продолжат со тренинзите, но следните денови тоа ќе биде малку полесно, а неделата пред финалето ќе имаме нешто пожестоки припреми.“ – додаде Германецот.