Дома Трансфер зона Џеко ги одби кинеските милиони!

Џеко ги одби кинеските милиони!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Един Џеко одбил богата понуда од Кина и сака кариерата да ја продолжи во Рома.

Имено, на адреса на „волчицата“ стигнала понуда од 30 милиони евра за обештетување, а за Џеко годишна плата од 15 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа Босанецот ја одбил понудата бидејќи сака да игра во една од најсилните лиги во светот и смета дека сеуште може да игра на врвно ниво.

Кинезите во последно време прават многу богати трансфери, но сепак не сите фудбалери ги бираат парите пред врвниот фудбал. Неодамна и напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ одби богата понуда од Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…