Дома Топ вести Венгер на шопинг во Италија!

Венгер на шопинг во Италија!

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсен Венгер покажува силен интерес за плејмејкерот на Јувентус и босански репрезентативец Миралем Пјаниќ.

Пјаниќ ова лето пристигна во Јувентус за 35 милиони евра, но е далеку од формата која ја имаше во Рома и често е мета на критики.

Сепак, Арсен Венгер покажува сериозен интерес за Босанецот и смета дека ќе биде идеална замена за Санти Казорла кој ја игра последната сезона на „Емирати“.

„Топџиите“ се спремни да испратат понуда од 35 милиони евра следното лето, па останува да видиме дали Јувентус ќе се согласи на продажба или ќе го задржи Пјаниќ во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…