Кој друг ако не Андреа Пенезиќ, вардаровиот бомбардер одново беше најдобар поединец на својот тим и со нејзините супер атрактивни голови му помогна на својот тим да дојде до уште едно големо финале и дуел со стариот должник, тимот на Ѓер. Пенезиќ по мечот со Ростов го изјави следното.

„Многу тежок меч за нас. Ростов е добра екипа, но ние тактички одигравме добро, ја одржувавме предноста, и најважно им ја запревме таа контра и полуконтрата. Но, ние денеска ништо не направивме. Утре е главната работа. Пред нас е шансата за реванш. Би сакала утре уште повеќе навивачи да дојдат, затоа што ни треба таа поддршка“, изјави Пенезиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Одржан состанок: Македонија ќе игра во регионална лига со Србија и Црна Гора – почнува од септември!

Претставници на ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора одржаа заеднички с…