Дома Топ вести И „Марка“ најави: Стартува операцијата „Нејмар“!

И „Марка“ најави: Стартува операцијата „Нејмар“!

Веќе подолго време Бразилецот Нејмар се поврзува со враќање во Ла Лига и тоа во редовите на Реал Мадрид!

Неодамна се пишуваше и дека Нејмар одржал две тајни средби со претставниците на „кралевите“, а сега реномираната „Марка“ пишува дека операцијата „Нејмар“ започнува.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Треба и да се истакне дека „Марка“ е медиум кој е добро упатен со случувањата во таборот на Реал, па важи и за неофицијално „гласило“ на клубот од Мадрид.

Причините кои се наведуваат се веќе познати. Нејмар наводно не е задоволен од атрактивноста и квалитетот на француската лига и поради тоа размислува повторно за Примера.

Кога е другата страна во прашање се најавува дека Реал за услугите на Нејмар е подготвен да плати сума помеѓу 260 и 300 милиони евра, иако на почетокот се шпекулираше и за астрономски 400 милиони евра.

Да потсетиме, Нејмар предизвика и бура од реакции кога пред два дена социјалната мрежа Инстаграм го „заследи“ капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…