Дома Трансфер зона Познато зошто Чан не останува во Ливерпул

Познато зошто Чан не останува во Ливерпул

Емре Чан нема да го продолжи договорот со Ливерпул и тоа е јасно, а сега е позната и причината.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германецот веќе го одигра последниот натпревар за Ливерпул имајќи предвид дека во овој момент е повреден и нема да се врати оваа сезона на терените.

Неговиот договор истекува и нов нема да потпише. Англиските медиуми сега успеаа да стигнат и до причината.

Имено, како што се наведува тој со својот менаџер сакал да обезбеди клазула во договорот, но Ливерпул ја одбил таа можност.

Таквата ситуација ја искористи Јувентус со кој Чан се договори и наскоро би требало се официјално да биде потврдено. Многу веројатно тоа ќе се случи по одигрувањето на финалето во Лигата на шампионите кое е закажано за 26 мај

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…