Дома Фудбал Италија Пјаниќ и Манџукиќ во „дуел“: Дај, Пјаниќ, престани со тоа „сра*е (Видео)

Пјаниќ и Манџукиќ во „дуел“: Дај, Пјаниќ, престани со тоа „сра*е (Видео)

Јувентус во вчерашното финале од купот на Италија славеше победа против Милан со 4:0 и така стигна до нова двојна круна во Италија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После победата фудбалерите на италијанскиот шампион ја прославуваа победата во соблекувалната.

Репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ во живо ја пренесуваше атмосферата на Инстаграм. Во еден момент дојде до Марио Манџукиќ, на кого тоа и не му се допадна премногу.

„Дај, Пјаниќ, престани со тоа сра*е“, му кажа Манџукиќ, а Пјаниќ му одговори: „Еве, само не лути“…

Хрватот продолжи: „Ајде стопирај го тоа, доста е, доста зборување, оди туширај се“, заврши Марио.

Помеѓу другото Пјаниќ во видеото откри дека на Мундијалот ќе навива за својот „брат“ и Хрватска.

„Доаѓа Светското првенство, одиме малку да го следиме братот“, порача Босанецот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…