Иако беше пред трансфер во Јувентус, белгискиот репрезентативец Аксел Витсел, поради кинеските милиони се предомисли и одлучи својата кариера да ја продолжи во Кина.
Фудбалерот на Зенит ја прифати понудата од новиот кинески прволигаш, Тианџин Кванџиан, кој е предводен од некогашниот италијански капитен, Фабио Канаваро.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Кванџиан за него плати 25 милиони евра, додека годишните примања на Белгиецот ќе бидат неверојатни 18 милиони евра, што се четирипати поголеми од оние кои му ги нудеше Јувентус.
„Ова беше понуда која не може да се одбие. Го избрав најдоброто за мене и мојата фамилија. Му благодарам на Јувентус секогаш ќе бидам нивни фан“, изјави Витсел.