Аксел Витсел минатото лето беше на чекор од трансфер во Јувентус, па дури и ги помина медицинските прегледи, но на крајот Зенит се предомисли и го стопираше трансферот.
Со оглед на фактот дека Витсел ја одработува последната година од договорот се мислеше дека неговото доаѓање во Јувентус е само одложено и дека Белгиецот сигурно ќе го облезе дресот на „старата дама“ оваа зима.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
И самиот фудбалер потврди дека има договор со „бјанконерите“ и дека прашање на време е кога ќе се пресели во Торино, но плановите можат да му ги пореметат богатите Кинези.
Имено, Шангај СИПГ испрати богата понуда до Белгиецот, која тој сериозно размислува да ја прифати и да му се приклули на својот поранешен тренер Виљас-Боаш.
Според некои информации играчот од средината на теренот има понуда на маса вредна 72 милиони евра за четири години, а рускиот клуб како оштета би требало да добие 20 милиони евра.
Сега се чека одлуката на Витсел, дали ќе се пресели во Јувентус и ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона или ја прифати богатата понуда од Кина.